Ријад Марез доби
богата понуда од Саудиска Арабија и можност да заработува пет пати повеќе, Ал
Ахли на маса стави годишна плата од околу 43 милиони фунти плус бонуси.
Алжирецот не
успеа да одолее на примамливиот предлог и побара да замине од Манчестер Сити, но
„граѓаните“ ја одбија првата понуда вредна 18 милиони фунти, плус дадатни 5 милиони фунти во бонуси и
одредија цена од 30 милиони фунти.
За очекување е
двата клуба да најдат компромис во следниот период, па шампионот на Англија
веќе разгледува опции за замена на Ријад Марез.
Една алтернатива е
Рафиња од Барселона и спортскиот директор Чики Бегиристан веќе остварил контакт
со својот колега Деко. Се верува дека „каталонците“ се подготвени да го
продадат Бразилецот доколку добијат примамлива понуда.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.