101
Агуро и овој натпревар го почна од клупата за резервни играчи, но во игра влезе уште во 15. минута откако Габриел Жесус го повреди зглобот и мораше да излезе.
Резултатот беше отворен во 29. минута кога Стерлинг постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.
Во 69. минута Стерлинг повторно беше во главна улога, направи одличен продор во шеснаесетникот, центрираше и Мингс сам си ја внесе топката во голот за конечни 2-0.
До крајот на мечот Манчестер Сити пропушти уште неколку одлични шанси за гол и за повисока победа.
Со овие три бода тие се вратија на второто место на табелата со осум бода помалку од лидерот Челси.