Манчестер Сити го фаќа инает, Пеп Гвардиола нема да го добие саканото засилување поради 5 милиони?!

by
1 минути читање

Матеуш Нунеш е приоритет на Пеп Гвардиола откако „граѓаните“ се откажаа од Лукас Пакета по сканадалот со сомнителни облози во кој беше инволвиран Бразилецот.

Вулверхемптон веќе одби една понуда, се говори дека Манчестер Сити ќе се врати со нов предлог, но преговорите влегуваат во ќор сокак.

„Волците“ инсистираат на сума од 60 милиони фунти, додека пак „граѓаните“ не сакаат да платат повеќе од 55 милиони фунти.

Одредени извори пак пишуваат дека може да биде најден компромис со вметнување на младиот Томи Дојл, кој ќе биде испратен на позајмица во Вулверхемптон.

Матеуш Нунеш веќе се има договорено со Манчестер Сити, сака да се пресели на Етихад и одбива да тренира со цел да изврши притисок за реализирање на трансфер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани