Манчестер Сити го договори трансферот на првиот Хрват, за вториот ќе треба да плати рекордна сума

by
1 минути читање

Матео Ковачиќ треба
да биде првото засилување за Пеп Гвардиола за сезоната 2023/24, се верува дека
Манчестер Сити уште пред десетина дена има постигнато согласност со Хрватот за
висината на платата и со Челси ги пегла деталите за трансфер.

Како што
пренесува ЕСПН, двата клуба сега си подале рака за зделка од 40 милиони евра и
Матео Ковачиќ ќе се пресели на „Етихад“.

„Граѓаните“ исто
така прават напори да го ангажираат неговиот сонародник Јошко Гвардиол, прегворите
со фудбалерот течат добро и двете страни се на добар пат да постигнат
согласност за платата.

Сепак, РБ Лајпциг
нема намера лесно да се откаже од дефанзивецот и ќе го продадат само доколку добијат
огромна понуда, во спротивно ќе го задржат уште една сезона.

Се шпекулира дека
„биковите“ бараат ајмалку 100 милиони евра, рекордна сума за еден дефанзивец.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани