Манчестер Сити делува незапирливо, го „прегази“ ВБА со 0-5 за седма победа во низа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ делуваат незапирливо, без класичен напаѓач и без Де Брујне во тимот, избраниците на Пеп Гвардиола го „прегазија“ ВБА со 0-5 за седма победа во низа во Премиерлигата и прво место на табелата.

Гундоган го отвори резултатот во 6. минута, Кансело зголеми на 0-2 по дваесет минути игра, а Гундоган по втор пат се запиша во листата на стрелци за 0-3 по половина час игра. Пред крајот на првиот дел Марез реализираше за 0-4.

Во продолжението од мечот, Стерлинг ги постави конечните 0-5.

Арсенал не погреши по втор пат и откако пред неколку дена загуби од Саутемптон во ФА Купот, вечрва славеше со 1-3.

„Светците“ поведоа во 3. минута преку Амстронг, но пет минути подоцна Пепе изедначи на 1-1 а на пет минути пред крајот на првиот дел Сака се погржи за пресврт и водство на „топчиите“ од 1-2.

Лаказет во 72. минута ги осигура трите бода со кој Арсенал полека фаќа приклучок во битката за местата кои носат во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×