Манчестер јунајтед во тајност повлекол потег за да не го навлече гневот на навивачите

by
1 минути читање

Мејсон Гринвуд
повеќе од една година беше надвор од тимот на Манчестер јунајтед откако беше обвинет дека
ја тепал и принудувал на секс неговата девојка. Но по долга истрага,
обвинителството реши да ги повлече сите обвиненија, и да го прекине процесот
против фудбалерот.

„Ѓаволите“ се
обидоа да го интегрираат напаѓачат во составот, но ова предизвика негодување во
јавноста, па под притисок од навивачите, спонзорите и добар дел од вработените,
клубот од Олд Трафорд соопшти дека Мејсон Гринвуд нема иднина во северот на Англија.

Во последните
денови од летниот преоден рок, Мејсон Гринвуд беше испратен на позајмица во
Хетафе, каде одлично се снајде, прикажува солидни партии и го привлече
вниманието на клубови како Барселона, Атлетико Мадрид и Јувентус.

Последните информации
велат дека Манчестер јунајтед во тајност повлекол потег и ја активирал опцијата
за продолжување на соработката со Мејсон Гринвуд до 2026 година.

„Ѓаволите“ ова го
сториле за да се постават во подобра позиција во преговорите, и како опција да задржат
нова позајмица на Мејсон Гринвуд и да се осигураат дека нема беспари да го загубат.

Одлуката не е
соопштена за да не се навлече гневот на навивачите, спонзорите и вработените.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани