Манчестер јунајтед уште сега подготвува шокантен трансфер во јануари?!

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ ова
лето платија околу 80 милиони евра аз ангажман на Расмус Хојлунд од Аталанта но
тој повеќе е долгорочна инвестиција и на Олд Трафорд се размислува за ангажман
на нов голгетер кој ќе го намали притисокот врз 20 годишното момче.

Како што
пренесува „Фудбал Трансфер“, Манчестер јунајтед е заинтересиран за ангажман на
Ајван Тони и веќе разговарале со напаѓачот на Брентфорд.

Анлгичанецот е
под суспензија поради прекршување на правилата за обложување, ќе почне да
тренира на средината од септември а на терените ќе се врати дури следната
година, па затоа Ерик Тен Хаг крои планови за негов ангажман во зимскиот преоден
рок.

27 годишниот
Ајван Тони минатата сезона постигна 20 погодоци во Премиерлигата и го привлече
вниманието на неколку клубови, но скандалот со обложување и долгата суспензија
спречија тој ова лето да направи трансфер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани