Манчестер
јунајтед се подготвува да ги финализира деталите од преговорите со агентот на
Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд пред да испратат и официјална понуда до
Бундеслигашот за услугите на Англичанецот.
Тоа значи дека
„Црвените ѓаволи“ првично ќе ги задоволат барањата на агентот, за тој потоа да
притиска за трансфер на неговиот агент на „Олд Трафорд“, и покрај фактот што од
Борусија Дортмунд и јавно наведоа дека нивниот фудбалер останува.
Оле Гунар Солшер
го постави Санчо на врвот од неговата листа на желби со што дополнително би се
засилил офанзивниот ред на мошне високо ниво, ако се земе во предвид дека Норвежанецот ги има
Рашфорд, Марсијал, како и дополнително Гринвуд.
Како и да е, од
Манчестер јунајтед веќе некое време се тивки во однос на Санчо, откако Борусија
Дортмунд пресече на таа тема, а се верува дека од таму не отстапуваат во никој
случај под бараната сума за обештетување која изнесува 108 милиони фунти.
Инаку, претставник на Санчо е Нигериецот Емека Обаси од компанијата „Елит Проџект Гроуп“, која ги претставува интересите и на Букајо Сака, Тод Кантвел, како и Еди Нкетиа.