Манчестер јунајтед со три комада го испрати Борнмут, но правиот тест допрва доаѓа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Тен
Хаг ја започнаа новата година со победа, вечерва пред своите фанови славеа со
3-0 против Борнмут.

Касемиро го
отвори резултатот во 23. минута, Бразилецот одлично се снајде по еден прекин и
ја затресе мрежата на гостите за 1-0.

По пет минути игра
во второто полувреме, Лук Шо се најде во срцето на шеснаесетникот и реализираше
за 2-0.

Конечниот
резултат беше поставен во завршницата, Фернандеш несебично спушти за Рашфорд кој
рутински погоди за 3-0.

„Ѓаволите“ можеби
наредија четири победи и се во топ четири, но правиот тест допрва доаѓа, за
десет дена играат против Манчестер Сити, а потоа ги чека уште едно дерби,
против лидерот Арсенал.

На останатите
денешни натпревари, Фулам со голот на Митровиќ славеше со 0-1 на гостувањето
кај Лестер, а Брајтон со убедливи 1-4 победи на Гудисон против Евертон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×