Манчестер јунајтед смета дека Челси му наплаќа „специјален данок“ за Маунт, прават споредба со Ковачиќ и Сити

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед испрати три понуди за услугите на Мејсон Маунт, а Челси без
размислување ги одби сите.

Дввата клуба сега
се надмудруваат, се пишува дека „ѓаволите“ ќе тргнат по Моисес Каиседо кој е
трансфер цел на Челси, а „сините“ пак веруваат дека нашле нов сериозен купец за
Мејсон Маунт во Баерн Минхен.

Како што пишува
Тајмс, на Олд Трафорд не се задоволни од начинот на кој течат преговорите и
сметаат дека Челси сака да им наплати „специјален данок“ односно да платат
екстра само поради тоа што се Манчестер јунајтед.

„Ѓаволите“ прават
споредба со трансферот на Матео Ковачиќ во Манчестер Сити, Челси воопшто не им
правеше проблем на „граѓаните“, не само што трансфер сумата е прилично ниска
(25+5 милиони фунти) им дадоа и попуст од 5 милиони во преговорите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани