Манчестер јунајтед се сомнева во задни намери по шпекулациите за трансфер на Рашфорд во ПСЖ

by
1 минути читање

Денеска беше
објавено дека ПСЖ сака да го ангажира Маркус Рашфорд, Л’Екип објави дека преговорите
се одвиваат позитивно.

Потоа се појавија
најразлични стории, а како што пренесува Скај Спортс, ПСЖ минатата недела
остварил контакт со агентите на Маркус Рашфорд но во моментов нема ништо
конкретно и „ѓаволите“ се прилично релаксирани бидејќи имаат опција да го
продолжат договорот на напаѓачот до 2024 година.

Исто така се
пишува за сомнежи за задни намери, односно агентите на фудбалерот ги пуштиле шпекулациите за трансфер во ПСЖ и ги користат „светците“ за Манчестер
јунајтед што поскоро да му даде нов побогат договор на Англичанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани