Манчестер јунајтед сака да го направи Олд Трафорд трет најголем стадион во Европа

by
1 минути читање

Доколку се остварат плановите на Манчестер јунајтед, само Барселона ќе има поголем стадион од нив, бидејќи вториот по големина е Вембли кој се користи за финалиња на купови и настапи на репрезентацијата на Англија.

Според „Дејли Мејл“, Манчестер јунајтед сериозно ја разгледува можноста да го зголеми капацитетот на стадионот за дополнителни 12.000 седишта. Планот е прво да се почне со проширување на главната „Сер Боби Чарлтон“ трибина која би била надградена со 7.500 нови места.

Напредната технологија ќе овозможи додека трае проширувањето да не биде нарушен актуелниот капацитет на Олд Трафорд.

Кога ќе биде комплетирано проширувањето, Олд Трафорд ќе има капацитет од 88.000 гледачи, што е помалку од Камп Ноу, но повеќе од Сантијаго Бернабеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани