„Ѓаволите“ за
кратко време останаа покуси за двајца играчи во офанзивата, прво Џејдон Санчо
влезе во војна со Ерик тен Хаг, а потоа Антони беше обвинет за семејно
насилство, па Бразилецот доби порака да не се враќа во тимот додека не ги реши
проблемите и не ја докаже својата невиност.
Се чини дека
решение за двајцата нема да биде најдено во краток период, па Дејли Мејл вели
дека Манчестер јунајтед размислува за ангажман на нов фудбалер.
Надвор од
преодниот рок може да биде потпишан само слободен играч, па клубот од Олд
Трафорд ќе има многу лимитирани опции.
Се шпекулира дека
едно од имињата во бележникот е Анвар Ел Гази, кој во дресот на Астон Вила
забележа 26 погодока и 16 асистенции на 119 натпревари.
28 годишниот
Холанѓанец во моментов е слободен играч откако спогодбено го раскина договорот
со ПСВ. За неговите услуги интерес пројавуваат и клубови од Саудиска Арабија,
па „ѓаволите“ ќе треба да побрзаат или ризикуваат да останат со празни раце.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.