Манчестер јунајтед потпиша нов, богат договор со Хендерсон, Де Хеа ќе има сериозна конкуренција

by
1 минути читање

Хендерсон е продукт на школата на Манчестер јунајтед, минатата сезона беше фантастичен на голот на Шефилд каде што беше на позајмица. Со неговите игри заработи и повик во националниот тим.

Поради одличните партии, Манчестер јунајтед му даде нов петгодшиен договор со опција за продолжување и за уште една сезона.

Платата на 23-годишниот голман ќе биде 120.000 фунти неделно што го прави еден од најплатените голмани.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Дин Хендерсон потпиша нов договор со кој ќе биде во клубот до јуни 2015 година со опција за уште една дополнителна година“, стои во соопштението на клубот.

Во следната сезона Манчестер јунајтед ќе има два големи голмани, Давид Де Хеа веќе не е во лагодна ситуација, ќе има голем притисок од Хендерсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×