Според „Тајмс“, Манчестер јунајтед се откажува од намерата да го купи Мејсон Маунт и тргнува по ангажман на фудбалерот на Брајтон, Моизес Каиседо.
Каиседо е цел број еден на Челси во овој преоден рок, Манчестер јунајтед ќе се обиде да им го украде и на тој начин да се одмазди за тешките преговори кои досега ги водеше за Маунт.
Во едно идеално сценариот за Манчестер јунајтед, тие сега би го ангажирале Каиседо, а следното лето би го добиле Маунт како слободен играч. Тоа би било голем пораз за Челси.
Ваквиот потег на Манчестер јунајтед можно е да е и блеф со цел да ги спуштат барата на Челси и сепак на крајот да го купат Маунт.
Во наредните денови се очекува разврска на ситуацијата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.