Манчестер јунајтед побарал од Кејн да направи потег за да покаже дека сака преселба на Олд Трафорд!

by
1 минути читање

Хари Кејн има уште една година од договорот со Тотнем и нема намера да ја продолжи соработката. Лондонскиот клуб доколку сака да заработи од негово заминување ќе мора да го продаде ова лето.

Кејн се поврзуваше со Реал Мадрид, но се чини дека таа опција отпадна, сега се шпекулира дека е најблиску до Манчестер јунајтед.

И покрај тоа што има само уште една година од договорот, Тотнем сака од Кејн да извади околу 100 милиони евра, сума која е превисока за играч кој е во таква ситуација. Манчестер јунајтед нема намера да ја плати таа цена.

Од клубот од Олд Трафорд побарале од Кејн да достави барање за трансфер до Тотнем или јавно да ја искаже својата желба за преселба во Манчестер јунајтед.

Јунајтед се надева дека со еден таков потег ќе ја намали и цената на Кејн.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани