Манчестер јунајтед опипува терен за изненадувачки трансфер, „ѓаволите“ се распрашувале за Вернер

by
1 минути читање

„Ѓаволите“
изминатово лето решија да инвестираат околу 80 милиони евра во ангажман на
младиот Расмус Хојлунд, но Данецот се уште се адаптира на новата средина и нема
постигнато ниту еден гол во Премиерлигата.

Па често се
говори дека Манчестер јунајтед размислува за ангажман на нов напаѓач во јануари,
а последните информации говорат за изненадувачки трансфер.

Скај Германија
објави дека клубот од Олд Трафорд опипува терен за ангажман на Тимо Вернер од
РБ Лајпциг.

Во моментов нема
конкретни преговори, ниту пак е доставена понуда, „ѓаволите“ само се
распрашувале за ситуацијата на Германецот.

Тимо Вернер има
една неславна авантура во Премиерлигата, помина две години во Челси каде успеа
да постигне само 10 гола во Премиерлигата на 56 натпревари.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×