Избраниците на Оле
Гунар Солшер се мачат против ривалите од „биг сикс“, освен едниот погодок во
поразот од Тотнем од 1-6, Манчестер јунајтед на пет меча има резултат 0-0 (против
Челси, Ливерпул, Манчестер Сити и два пати против Арсенал).
Вечерва на
Емирати, фудбалерите на Арсенал и Манчестер јунајтед креиаа многу шанси, но
љубителите на фудбалот не видоа ниту еден гол.
Лено одлично
интервенираше при обидот на Фред, Бруно Фернандеш пласираше крај голот, а
неколку големи промашување имаше Кавани.
На спротивната
страна, „топчиите“ во неколку наврати на тест го ставија Де Хеа а најблиску до
гол беше Лаказет, напаѓачот од слободен удар ја стресе пречката.
На резултатот најмногу
ќе се израдува лидерот Манчестер Сити како и ривалите кои имаат амбиции за топ
четири пласман.