Ерик тен Хаг сака
да ангажира нов голгетер ова лето, на листата со желби има неколку имиња, но
стратегот нема да може да донесе една од топ трансфер целите бидејќи на располагање
има ограничен буџет за засилувања.
Тотнем бара 100+
милиони фунти за Хари Кејн, Наполи постави цена од 150 милиони фунти за Виктор
Осимен, суми кои Манчестер јунајтед во овој момент не може да си ги дозволи.
Па „ѓаволите“
тргнаа по потписот на Расмус Хојлунд од Аталанта и почетната понуда од 30
милиони фунти (околу 35 милиони евра) веднаш била одбиена.
Клубот од Олд
Трафорд наскоро ќе се врати со втор предлог, се говори дека на маса ќе бидат
ставени 40 милиони фунти (околу 47 милиони евра).
Јувентус исто
така го мерка 20 годишниот голгетер, но „старата дама“ прво треба да го продаде
Душан Влаховиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.