Манчестер јунајтед нема да го продава Санчо на попуст, ја одредија цената!

by
2 минути читање

Санчо последен пат за Манчестер јунајтед играше на 26. август. Потоа имаше јавна караница со Ерик тен Хаг по што беше отстранет од тимот.

Како што сега стојат работите, приказната на Санчо со Манчестер јунајтед е завршена, тој ќе биде продаден, по можност уште во јануарскиот преоден рок.

Манчестер јунајтед за Санчо плати 73 милиони фунти и нема намера евтино да се откаже.

„Мирор“ тврди дека црвените ѓаволи ќе бараат 50 милиони фунти бидејќи фудбалерот има само 23 години и важи за перспективен играч и покрај неговата ситуација во Манчестер јунајтед.

Јувентус се распрашуваше за Санчо, но тешко дека клуб од Италија ќе може да си дозволи да плати големо обесштетување и да му даде сериозна плата на фудбалерот кој во Манчестер јунајтед заработува 275.000 фунти неделно.

@2024 – Сите права задржани