293
Манчестер јунајтед во досегашниот преоден рок не покажа амбиција за чекор напред во следната сезона. Додека ривалите сериозно се засилуваат, тие се уште се мирни на трансфер пазарот, а и засилувањата со кои се поврзуваат не се многу убедливи.
Поради тоа Кристијано Роналдо посакал да замине од Олд Трафорд и му го соопштил тоа на клубот.
Но, Манчестер јунајтед нема намера да го продаде, сакаат тој да биде дел од тимот на Тен Хаг во следната сезона.
Во меѓувреме агентот на Роналдо, Жорж Мендеш разговара со потенцијални купувачи на Роналдо. Како опции се посочуваат Рома, Челси, Баерн Минхен и Спортинг Лисабон.