Манчестер јунајтед не помислува да плати 100 милиони за напаѓач кој лани постигна само 9 гола

by
1 минути читање

Ерик тен Хаг сака
да донесе нов напаѓач на Олд Трафорд ова лето, Хари Кејн беше прва желба но
поради тоа што Тотнем одби да продава на ривал од Премиерлигата, „ѓаволите“ се
насочија кон други цели.

Манчестер
јунајтед прави напори да го ангажира Расмус Хојлунд од Аталанта, но преговорите
одат потешко од планираното.

„Нероаѕурите“ од
Бергамо поставија цена од 100 милиони евра за 20 годишното момче од Данска.

На Олд Трафорд не
се сложуваат со ваквата проценка, тие не помислуваат да платат 100 милиони евра
за фудбалер кој зад себе има само една сезона во Серија А и во која постигна
само 9 погодока.

„Ѓаволите“ се
свесни дека Расмус Холунд има голем потенцијал и може да прерасне во голема ѕвезда,
па затоа се подготвени да го одврзат ќесето но најмногу што ќе понудат е 70
милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани