Се чини дека
Џејдон Санчо нема иднина во Манчестер јунајтед по расправијата со Ерик тен Хаг,
и се очекува Англичанецот да замине веќе во јануари.
„Ѓаволите“ за услугите
на напаѓачот платија 85 милиони евра, но нема да можат да заработат многу пари
на неговата продажба, се шпекулира дека Борусија Дортмунд и Јувентус се
подготвени да одвојат најмногу 30 милиони евра.
Па со цел да се оствари
подобар финансиски резултат, Манчестер јунајтед и предложил
спектакуларна трампа на Барселона.
Клубот од Олд
Трафорд сака на Камп Ноу да го испрати Џејдон Санчо, а за возврат да го добие
Рафиња, „каталонците“ за услугите на Бразилецот одвоија околу 60-70 милиони
евра.
Останува да се
види дали има простор и интерес за една ваква зделка, Рафиња имаше солидна прва
сезона во Барса, но оваа се мачи со формата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.