По уште една
разочарувачка сезона без трофеј, иднината на Хари Кејн во Тотнем повторно е
ставена под знак прашалник. Напаѓачот има договор до јуни 2024, па се почесто
се шпекулира дека летоска тој ќе направи трансфер.
Манчестер
јунајтед е еден од клубовите кои го меркаат напаѓачот и според пишувањата на
ЕСПН, „ѓаволите“ ќе се обидат да вметнат фудбалер во зделката со цел да ја
намалат цената на Хари Кејн.
Имено, Тотнем е
во потрага на наследник на голманот Иго Лорис и на Олд Трафорд се свесени дека
едно од имињата на листата со желби на „спарси“ е нивниот Дин Хендерсон, кој
во моментов настапува на позајмица во Нотингем Форест.
Па Манчестер
јунајтед е подготвен да го жртвува голманот со цел да дојде до потписот на Хари
Кејн и да не мора да искешира 100 милиони фунти за услугите на голгетерот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.