Трета среќа,
Манчестер јунајтед достави нова понуда за ангажман на Мејсон Маунт.
И покрај тоа што
Челси бара над 60 милиони фунти, „ѓаволите“ на маса ставиле 50
милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.
За разлика од претходниот
предлог, Манчестер јунајтед сега понудил подобри услови за плаќање на трансфер
сумата.
Новинарот
Фабрицио Романо вели дека сите страни се прилично убедени дека ќе се реализира
зделката, самиот Мејсон Маунт бил многу јасен и му порачал на Челси дека нема
да стави потпис на нов договор, сака трансфер во Манчестер јунајтед.
Исто така се говори
дека „ѓаволите“ се подготвени да се повлечат доколку Челси не го прифати овој
предлог.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.