Кристијано Роналдо сака да си замине од Манчестер јунајтед иако тоа се уште не го соопштил јавно. Тој е смета дека клубот не покажува амбиции за големи трофеи.
Во Јунајтед се свесни за желбата на Роналдо да замине, но прават напор да го задржат. Дали ќе успеат, се уште не се знае.
Роналдо се уште не почнал да тренира со тимот. Со оправдување дека има семејни проблеми, тој ги пропушти тренинзите во Манчестер, а не отпатува ниту на турнејата во Бангкок.
„Дејли Мејл“ пишува дека Роналдо добил ултиматум од Манчестер јунајтед да се врати во клубот до крајот на оваа недела, во спротивно нема да биде дел и од подготовките во Австралија.
Но, можеби ваквиот ултиматум ќе биде добредојден за Роналдо кој ќе се обиде да го искористи за дополнителен притисок за негово заминување.