Манчестер јунајтед ќе го пушти Алексис Санчез за без пари во Интер, но ќе заштеди на плати речиси 60 милиони!

by
1 минути читање

Од таборот на
Интер изминативе денови во неколку наврати порачаа дека преговараат со Манчестер
јунајтед за Алексис Санчез да остане во Милано. Медиумите шпекулираа дека
„нероаѕурите“ ќе платат помеѓу 15-20 милиони евра за услугите на Чилеанецот.

Сепак, доцна
вечерва неколку извори од Италија пренесоа дека двата клуба се договориле Алексис
Санчез за без пари да се пресели на „Џузепе Меаца“ и Интер нема да плати
никакво обесштетување.

„Ѓаволите“ се
решиле на еден ваков чекор бидејќи сакаат да ја тргнат огромната плата на
играчот од своите сметки. Се шпекулира дека Алексис Санчез има примања од 560.000
фунти неделно (основна плата, плус имиџ права, плус бонуси). Па со оглед на тоа дека дека
тој има уште две години од договорот, клубот од Олд Трафорд ќе заштеди речиси 60 милиони
фунти.

Извештаите исто
така велат дека самиот Алексис Санчез се откажал од детесетици милиони евра, прифатил значително намалување на платата односно тригодишен договор и примања од 7 милиони евра нето по сезона за да продолжи
да го носи дресот на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×