Ерик Тен Хаг има намера да се ослободи од Мегваер со цел да се соберат повеќе средства за да се засили тимот.
Мегваер во Манчестер јунајтед пристигна во 2019 година за сума од 80 милиони фунти, а Тен Хаг беше првиот тренер кој реши да го стави на клупата и тоа се покажа како успешно.
Мегваер е дури четврта опција во Манчестер јунајтед, но тоа не му пречеше на Герет Саутгејт да го повика во репрезентацијата за Светското првенство. Тој му е еден од играчите во кои има најголема доверба.
Мегваер има неделна плата од 190.000 фунти и договор до 2025 кој има опција за продолжување до 2026. Можеби на Манчестер јунајтед ќе му биде тешко да го продаде ако до фудбалерот не пристигнат понуди со иста или повисока плата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.