Манчестер јунајтед ќе го добие Касемиро, веројатно уште денеска

by
1 минути читање

Ноќеска Манчестер јунајтед испраил понуда до Реал Мадрид за Касемиро од 60 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси. 

Се уште нема официјална потврда, но според пишувањата на Фабрицио Романо и на шпанските медиуми, Реал Мадрид ќе ја прифати понудата.

Манчестер јунајтед му понуди на Касемиро богат договор со трајност до јуни 2026 и опција за уште една година, кој е прифатлив за него.

Доколку не се случи нешто неочекувано, Касемиро уште денеска би можел да ги помине медицинските тестови и да го потпише договорот со Манчестер јунајтед.

Целта на англискиот клуб е да го има Касемиро до натпреварот со Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×