Манчестер јунајтед идната недела ќе го промовира првото големо засилување

by
1 минути читање

Според „Сан“, Бразилецот Фред од Шахтар ќе биде промовиран како ново засилување на Манчестер јунајтед веќе следната недела.

Мурињо долго време го брка 25-годишниот фудбалер од средниот ред, а според шпекулациите трансферот е вреден околу 52 милиони фунти.

Португалецот сака да го купи Фред пред да почне Светското првенство во Русија.

Интерес за Фред имаше и од Пеп Гвардиола, но се чини дека оваа битка сепак ќе ја добие Жозе Мурињо.

Фред е на подготовки со бразилската репрезентација и вели дека тој е фокусиран само на Светското првенство, а неговите агенти се грижат за трансферот.

„Јас сум комплетно фокусиран на Светското првенство. Моите агенти се грижат за трансфер. Чест ми е што сум на радарот на големите европски тренери“, вели Фред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани