Манчестер
јунајтед се вклучува во трката по потписот на капитенот на Милан, 24 годишниот
дефанзивец Алесио Ромањоли, но, тимот од Олд Трафорд освен тоа што ќе има
голема конкуренција во Јувентус, ќе води битка и со Челси.
Од друга страна
пак, се вели дека шефот на стручниот штаб на Росонерите, Џенаро Гатузо очајно
посакува да го задржи Ромањоли во својот состав, кој воедно е еден од
најдобрите во тимот и нуди голема помош за остварувањето на големата цел на
тимот од Милано за сезонава, а тоа е место во топ четири во Серија А и место во
Лигата на шампионите.
Ромањоли беше
назначен за капитен на Милан минатото лето, потпиша договор со важност до 2022.
година, тоа се случи во периодот кога Леонардо Бонучи се врати во Јувентус, а
Калчомеркато известува дека Манчестер јунајтед размислува прв да повлече потег
и да понуди околу 75 милиони евра.
Се шпекулира дека
Италијанецот претходно ги одбил сите опции за да го напушти Милано, тој дојде
од Рома во 2015. година, а Гатузо нема никакви дилеми во својата одлука да
пружи максимален отпор за да го задржи во својот тим.