99
„Ѓаволите“ се
блиску до ангажман на Френки де Јонг, голем број извори пренесуваат дека паднал
договор за трансфер вреден 65 милиони евра.
Манчестер
јунајтед и Барселона сега треба да ги дефинираат и бонусите, се верува дека
клубот од Олд Трафорд ќе одвои уште 15 милиони евра во бонуси и целосната
вредноста на зделката ќе се искачи на 80 милиони евра.
Треба да се испеглаат
и деталите, но преговорите бележат позитивен прогрес и наскоро се очекува двата
клуба да си подадат рака.