„Ѓаволите“ имаат ограничен трансфер буџет, па за да ги донесат сите желби на Ерик тен Хаг, ќе се прибираат средства преку продажба на фудбалерите на кои холандскиот стратег не смета.
Како што пишува Индипендент, први на иззлезна врата се Хари Мегваер, Фред, Скот Мектоминеј и Џејдон Санчо, планот е Манчестер јунајтед да се ослободи од овие четири имиња во следните две недели.
Неколку клубови ја следат ситуацијата на Хари Мегваер, се верува дека дефанзивецот е достапен за 35 милиони фунти, но големата плата ги плаши сите потенцијални купци.
Фулам е заинтересиран за Фред, додека пак Вест Хем и Њукасл го меркаат Скот Мектоминеј.
Џејдон Санчо бил понуден на Тотнем, но „спарси“ во моментов не загризуваат посериозно. Идеално за Манчестер јунајтед е Англичанецот да биде ставен како дел од зделката на Хари Кејн за да се намалат барањата на клубот од Северен Лондон но мали се шансите Даниел Леви да прифати една ваква трампа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.