Во последно време,
името на Кристијано Роналдо често е дел од трансфер шпекулациите, се говори
дека следното лето Португалецот ќе биде ставен на продажба.
Спортскиот директор
на ПСЖ, Леонардо синоќа порача дека има само пет или шест клубови кои би можеле
да потпишат со ЦР7 и „светците“ се дел од тој затворен круг.
Според новинарит
Кристијан Мартин, и Манчестер јунајтед е кандидат, „ѓаволите“ веќе стапиле во
контакт со агентот на Португалецот за да му кажат дека сакаат да го ангажираат
следното лето. Тој додава дека Кристијано Роналдо размислува за враќање на Олд
Трафорд и Јувентус ќе седне на преговори доколку напаѓачот изрази желба да ја
промени средината.
ULTIMO MOMENTO: nuestras fuentes en Manchester y en Oporto nos confirman que Manchester United tentó a Cristiano Ronaldo con un regreso al club para la próxima temporada. El portugués lo analiza. Juventus lo negociaria si él lo pide. pic.twitter.com/NDTVkAYCcF
— Christian Martin (@askomartin) November 10, 2020
Во Италија пак
има неколку различни стории. Според Тутомеркатовеб, се разгледува можноста Роналдо
да биде трампан за Нејмар.
Тутоспорт пак
пишува дека во моментов ниту Роналдо ниту пак Јувентус сакаат да се разделат на
крајот од сезоната, ЦР7 сака да остане и да ја освои Лигата на шампиони.
Газета дело Спорт
пак пренесува дека Роналдо може да си замине од Торино само под еден услов, односно Јувентус да има лоша сезона.
„Доколку
резултатите кои ги очекува Роналдо не бидат остварени, тој може да побара нов
клуб и ПСЖ е една опција“ – пишува весникот од Милано.