Манчестер јунајтед го победи Вест Хем, Арсенал го демолираше Нотингем форест (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Клучниот момент на мечот на Олд Трафорд се случи во 38. минута кога Рашфорд постигна гол по асистенција на Ериксен.

Вреди да се истакнат и одличните одбрани на Де Хеа кој во неколку наврати спаси израмнување. Одличен на овој меч беше и Мегваер кој се најде во стартниот тим. Цел натпревар одигра и Кристијано Роналдо.

Арсенал одигра моќен меч против Нотингем форест и победи со високи 5-0.

Мартинели уште во петтата минута погоди за водство од 1-0.

Во вториот дел блесна Нелсон кој уште во 27. минута влезе на местото од повредениот Сака.

Нелсон погоди во 49. минута и 52. минута за убедливи 3-0 за Арсенал.

Парти во 57. минута зголеми на 4-0, а конечните 5-0 беа дело на Одегард во 78. минута.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани