Манчестер јунајтед го краде бисерот на Манчестер Сити кој има постигнато 600 голa!

by
1 минути читање

Чарли Мекнил не
сака да стави потпис на професионален договор со „граѓаните“, ќе си ја проба
среќата во друг клуб и има неколку понуди. Според пишувањата на Дејли Мејл,
Манчестер јунајтед прави сериозни напори да го ангажира талентираниот напаѓач
кој има постигнато 600 голa во младинските категории на Манчестер Сити.

Двата клуба се во
преговори со оглед на тоа дека мора да се плати компензација, а доколку не биде
постигнат договор, трибунал ќе одлучува за висината на обесштетувањето.

Дејли Мејл додава
дека 16 годишниот Чарли Мекнил е фан на Манчестер јунајтед и веќе бил дел од
школата на „ѓаволите“ од каде пред шест години се преселил во Манчестер Сити.

Преговорите
помеѓу двата лути градски ривали внимателно ги следат РБ Лајпциг, Јувентус,
Лидс и Волвс, кои исто така сакаат да го видат напаѓачот во своите редови. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×