Манчестер јунајтед го ценел Антони на 25 милиони фунти, Тен Хаг ги натерал да платат дури 86 милиони!

by
1 минути читање

Сер Џим Ратклиф
купи 25% од сопственоста на Манчестер јунајтед и како дел од зделката ќе добие
комплетна контрола врз фудбалските активности.

Под лупа ќе бидат
ставени трансферите од изминативе години и зошто се потрошени толку многу пари
без да се остварат посакуваните резултати.

Весникот Атлетик
направи анализа на зделката со која Антони од Ајакс се пресели во Манчестер јунајтед.

Бразилецот
подолго време бил во бележникот на „ѓаволите“ и скаутите сметале дека цена од
25 милиони фунти е соодветна за играч од негов калибар.

Сепак,
пристигнувањето на Ерик тен Хаг и желбата на стратегот да соработува повторно
со Бразилецот придонело Манчестер јунајтед да бркне длабоко во џебот.

Атлетик открива
дека иницијално, „ѓаволите“ поставиле граница од 60 милиони фунти за ангажман
на Антони, но очајноста во последните денови од преодниот рок и притисокот на
Ерик тен Хаг, придонеле клубот да потроши многу повеќе од планираното и да одвои
86 милиони фунти за трансфер на напаѓачот.

Антони прикажува катастрофални
партии и важи за големо трансфер промашување.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани