Откако „ѓаволите“
го имаа најлошиот старт во една сезона во последните 28 години, управата на
Манчестер јунајтед го загуби трпението со Жозе Мурињо и во декември му врачи
отказ.
Потегот да се
раздели со Португалецот и неговиот тренерски персонал, најтрофејниот клуб од
Англија го чинело 19,6 милиони фунти.
Денеска Манчестер
јунајтед го објави финансискиот извештај за второто тромесечје и оваа сума
стоеше во графата „исклучителен трошок порврзан со компензација на поранешниот
тренер и одредени членови на тренерскиот персонал“.
Покрај Жозе
Мурињо, кој сигурно го добил најголемиот дел од оваа сума, другите лица кои се
обесштетени се постариот тренер на голманите, Силвино Луро, скаутот задолжен за
следење на противниците, Рикардо Формосињо, фитнес тренерите Стефано Рапети и
Карлос Лалин како и аналитичарот Џовани Чера.
Бројката од 19,6
милиони фунти е речиси четири пати поголема од онаа што Манчестер јунајтед му ја
исплати на Дејвид Мојс и неговиот тренерски персонал (5,2 милиони фунти) и
двојно повеќе од обесштетувањето за Луј ван Гал и неговиот персонал (8,4
милиони фунти).