Манчестер јунајтед за последен пат ја освои Премиерлигата во 2013, изминативе години често знаеше да не обезбеди топ четири пласман и да остане без настап во Лигата на шампиони, но и покрај тоа клубот од Олд Трафорд е магнет за спонзор.
Неодамна беше обновена соработката со Адидас и го потпиша најголемиот договор во историјата на Премиерлигата тежок 900 милиони фунти.
Како што пренесува Атлетик, „ѓаволите“ договориле и нов спонзор на дресот. Технолошката компанија Квалком ќе треба да го замени „ТимВјуер“, и да плаќа по 60 милиони фунти годишно.
Со вакви бројки, Манчестер јунајтед ќе го има еден од најбогатите договори кога се во прашање спонзорите на дресот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.