Унаи Емери и вториот меч како тренер на Астон Вила го играше против Манчестер јунајтед, овојпат во Лига Купот.
Астон Вила беше блиску до нова победа, но на крајот доживеа елиминација.
По мирното прво полувреме, следуваше вистинска бура во вториот дел која почна во 48. минута кога Воткинс даде гол за водство на Астон Вила од 1-0.
Но, гостите не се ни израдуваа, а резултатот веќе беше 1-1. Марсијал погоди во 49. минута.
Во 61. минута со автогол на Далот, Астон Вила го врати водството, овојпат имаше предност од 2-1.
Но, и ова водство не траеше многу, по само шест минути Рашфорд изедначи на 2-2.
Во 78. минута Бруно Фернандеш погоди за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 3-2, а во судиското продолжение, Мектоминеј стави точка на мечот давајќи гол за конечни 4-2.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.