Мамиќ ќе оди во Белград да навива за Црвена звезда

by
1 минути читање

Мамиќ, сега официјално е советник на Динамо Загреб, но јавна тајна е дека се уште тој е главниот човек на хрватскиот клуб. Тој бил на пријателскиот меч во Турција помеѓу Црвена звезда и Динамо Брест.

Црвена звезда се подготвува и за натпреварот против ЦСКА Москва во нокаут рундата од Лига Европа.

„Доаѓам сигурно во Белград на тој натпревар. Црвена звезда има одлична сезона, игра пролет во Европа. Не треба да има комплекси од било кого, бидејќи беше шампион на Европа и светот. Тоа никој од нашите простори нема да го повтори“, изјави првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ за српски „Курир“.

„Мило ми е што се враќа таму каде што припаѓа. Кога некој од нашите простори ќе оствари добри резултати во Европа, јас се чувствувам добро и немам проблем тоа да го кажам“.

На прашањето дали дошол на меч на Звезда за да гледа некој играч кој би го засилил Динамо, тој рече: „Не знам сега кој е подобар. мртва е трката помеѓу Динамо и Звезда, а тоа е многу добро“.

Најмоќниот човек во хрватскиот фудбалер жали што нема регионална лига, вели дека тој прв се обидел да ја направи.

„Јас бев меѓу првите за таква лига. Но нема корист. Се обидоа и некои мои пријатели тука, во Анталија да направат турнир на големата четворка (Динамо, Звезда, Хајдук и Партизан), но за жал не им успеа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани