Малку фалеше двајца играчи на Арсенал да се фатат за гуша, а Артета вели: Ми се допаѓа ова, така треба! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал стигна до
три бода на гостувањето кај Нотингем Форест, се чинеше дека „топчиите“ имаат се
под контрола откако поведоа со 0-2 со головите на Жесус и Сака, но завршницата
беше нервозна откако Авонији искористи една грешка и намали на 1-2.

По последниот
свиреж на судијата, Бен Вајт и Александар Зинченко влегоа во жестока дискусија,
малку фалеше да се фатат за гуша и мораа да бидат разделени од останатите.

Микел Артета беше
запрашан што се случувало а стратегот рече: „Не беа задоволни што примивме гол,
и јас го охрабрувам и промовирам ова, секако се додека се прави на правиот
начин и со почит. Секако, емоциите се високи по крајот на натпреварот, но ми се
допадна ова“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×