Малдини: Постои само еден услов за Ибрахимовиќ да продолжи со нас

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ
ќе започне преговори со Милан околу можноста за продолжување на соработката
помеѓу обете страни, а извесно е дека со новиот договор би останал во дресот на
„Росонерите“ до својата 41 годишна возраст.

Швеѓанецот веќе
постигна неверојатен учинок од 500 погодоци во својата кариера, меѓутоа извесно
е дека нема да сопре, а такво нешто навестува и самата изјава на техничкиот
директор и легенда на клубот од Милано, Паоло Малдини.

Нам ни е
потребен лидер како Ибрахимовиќ, тој самиот ни посочи дека продолжување на
соработката би зависела само од неговото тело
“ наведе Малдини алудирајќи на тоа
дека Ибрахимовиќ би продолжил само доколку тоа го дозволи неговото тело на таа
годишна возраст на високо ниво во фудбалот.

Меѓутоа, доколку
тој продолжи со вакви настапи, не гледам причина зошто не би продолжил со
својата кариера во нашиот клуб
“ додаде Малдини.

Актуелниот договор
на Ибрахимовиќ со Милан истекува на лето, 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×