Малдини: Ибра има 38 години? Па јас на 39 освоив Лига на шампиони и награда за најдобар дефанзивец!

by
1 минути читање

Милан активно работи на трансфер пазарот, клубот го продолжи договорот со Ибрахимовиќ, а наскоро треба да следуваат потписи со Сандро Тонали и Брахим Диаз.

„Трансфер пазарот само што почна и имаме повеќе операции. Најтешката без сомнение беше обновувањето на договорот со Ибрахимовиќ, тоа беше и наш приоритет“, вели Малдини.

„Резултатите зборуваат за него. Значењето на Ибрахимовиќ не е само на теренот, туку тој влијае и врз работата на тимот на тренинзите во Миланело“.

„Има 38 години, го знаеме тоа, го знае и тој, но на секој годините се различни. Пример, јас мојот последен трофеј во Лигата на шампионите го освоив на 39 години, бев прогласен и за најдобар дефанзивец во натпреварувањето“.

Малдини вели дека целта на Милан во новата сезона мора да биде пласман во Лигата на шампионите.

„Тоа не е декларативна цел, туку цел која мора да се оствари. Клубот направи големи напори да ја подобри позицијата на табелата. Идејата е да се вратиме во топ четири. Многу работи ќе бидат поразлични следната година“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×