Малдини и Масара летнаа кон Белгија да го договорат трансферот на Де Кетеларе

by
1 минути читање

Милан силно го посакува 21-годишниот белгиски фудбалер, росонерите веруваат дека тој идеално ќе се вклопи во тимот на Стефано Пиоли.

Шарл Де Кетеларе може да игра зад напаѓачите, како крило и како напаѓач.

Милан за неговите услуги води битка со Лидс кој исто така е сериозно заинтересиран.

Џанлука Ди Марцио информира дека Малдини и Масара денеска летаат за Белгија да ги продолжат разговорите со Клуб Бриж и да се обидат да се договорат.

Милан е подготвен да одвои околу 32 милиони евра и се надева дека тоа ќе биде доволно за Клуб Бриж да им го продаде Де Кетеларе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани