233
Малдини е еден од малкуте примери во светот за тотална верност кон еден клуб. Почна од академијата на Милан и ја помина целата кариера во црвено-црниот дрес.
Своето деби за Милан го имаше на 20. јануари 1985, одигра 854 официјални натпревари во 25 сезони за „росоњерите“ распоредени во три декади.
Неговата лојалност кон клубот била тестирана неколку пати, но тој никогаш немал дилема што сака.
„Во средината на 90тите добив две понуди, едната од Челси другата од Арсенал“ – вели Малдини за Top Calcio 24.
„Во тие години Милан имаше две проблематични сезони, но никогаш немав намера да заминам“.
„Седнавме со раководството и на заедничко задоволство се договоривме да ја продолжиме соработката“.