Се верува дека
Јувентус и Луис Суарез веќе си имаат подадено рака за тригодишна соработка и
плата од 10 милиони евра по сезона и се чека само Уругваецот да „раскине“ со Барселона.
За да ги забрза
работите но и да го задржи добриот однос со „каталонците, „старата дама“ е подготвена
да плати симболична сума, како што Севиља плати за Иван Ракитиќ (1,5 милиони
евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси).
Но медиумите сега
пишуваат за мал проблем од бирократска природа. Имено, Луис Суарез нема пасош
од ЕУ а Јувентус со Артур и МекКени ги пополни местата за играчи надвор од
ЕУ.
Новинарот Филипо
Ричи вели дека Луис Суарез може да побара италијански пасош бидејќи неговата
сопруга поседува италијански пасош, но процедурата ќе трае одреден временски
период, а тој ќе треба да полага и тестови.
Новинарот Марко
Гаго пак пишува дека Уругваецот може да одбере друг пат и да побара шпански
пасош, со оглед на тоа дека од 2014 живее и работи во Шпанија. Процедурата траела
седум дена.