705
Македонската фудбалска репрезентација до 18 години денеска доживеа пораз од 3-1 против Босна и Херцеговина во првиот од двата контролни натпревари кои се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
По мирното прво полувреме, сите четири гола паднаа во вториот дел од натпреварот.
Рамиќ и Кадриќ погодија за водство на БиХ од 2-0, Ненад Дамјаноски намали на 2-1, а Боговоиќ ги постави конечните 3-1 за гостите.
Македонската репрезентација настапи во состав: Трајковски, Рочи, Џангаровски, Кесиќ, Мустафи, Дамјаноски, Ангелевски, Хоџа, Грашески, Бранковски, Буцевски. Вториот меч ќе се одигра задутре (20 февруари) на истиот стадион од 11 часот.