Македонските фудбалерки до 17 години ја победија Словенија и го освоија првото место

by riste
1 минути читање

Нашите фудбалерки до 17 години забележаа уште една победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дивизијата од квалификациите за ЕП.

Турнирот се одржуваше во Скопје, а македонските фудбалерки го искористија тоа и го освоија првото место во групата, а со тоа обезбедии промоција во А квалификациите.

Денеска со 1-0 ја совладавме Словенија. Стрелец на единствениот гол беше Настасја Накова уште во осмата минута од мечот.

Претходно Македонија ја победи Молдавија со 5-0.

Со максимални шест бода ние завршивме на првото место, Словенија со три го освои второто, а Молдавија без бодови беше последна.

Македонија против Словенија настапи со: Евгенија Велјановска, Настасја Накова, Блехана Алиеска, Канита Емини, Мила Панева, Ева Величкова, Теона Галабовска, Меланија Грозданова, Ана Марија Цветкоска, Калина Попески, Елена Наумоска;

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани