Македонија може да биде сериозно ослабена во квалификациите за СП!

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ја очекуваат натпревари од квалификациите за Светското првенство, а во нив селекторот Благоја Милевски би можел да се соочи со проблем, бидејќи неизвесен за настап е напаѓачот Бојан Миовски.

Миовски здобил со повреда на стопалото и веќе неколку дена не тренира со Џирона и поради не беше во составот за денешниот натпревар против Атлетико кој Џирона го загуби со 0-4.

Оваа вест доаѓа во незгоден момент, само десетина дена пред клучните мечеви во квалификацискиот циклус. Македонија на 6 јуни го пречекува фаворизираниот состав на Белгија, а три дена подоцна ќе гостуваме Казахстан, натпревар во кој очекуваме да освоиме бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани